По повод упокоението на нашиот надлежен архиереј, Митрополитот Тимотеј, меѓу големиот број телеграма добиени од страна на црковните општини, до Епархискиот управен одбор на нашата Австралиско-сиднејска епархија пристигна телеграма со сочуство од страна на Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Силуан од Српската епархија Австралиско-новозеландска со седиште во Сиднеј.
Во телеграмата (е. бр. 163/24, која интегрално ја објавуваме ) од 27 ноември, 2024 година, меѓудругото е запишано:
Со жалост, но и со христијанска надеж во вечниот живот по дарот на Оној, Кој е Живот и Вистина, а истовремено имајќи го во предвид и нашето земно патување кон Него во Царството Небесно, ја примивме веста за упокојувањето на нашиот драг во Христа брат и сослужител Митрополитот дебарско-кичевски, плаошки и Администратор австралиско-сиднејски г. Тимотеј…