Со голема тага ја примивме жалната вест дека денес на 25. 11. 2024 година по кратко боледување се упокои во Господа, нашиот надлежен архиереј, Митрополитот Дебарско- кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Бог да го прости и да му дарува Царство небесно!
After a short illness, the Metropolitan of Debar and Kichevo, Timothy reposed in the Lord. May God forgive him and grant him the Kingdom of Heaven!
Свештенството, монаштвото и верниот народ при Австралиско-сиднејската епархија и Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство.
Нашиот Митрополит Тимотеј ќе остане вечно во нашите спомени како грижлив и посветен архиереј за добробитот на македонскиот народ и заедница на Австралискиот континент.
Вечен спомен и добар Ти Рај, сакан наш архипастиру!