СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН СПОМЕНОТ НА СВЕТИОТ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ ВО ЕПИНГ

На 14. 01. 2025, кога Светата Црква го празнува празникот Обрезание на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) во сослужение со старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија.
За време на богослужението беа изнесени моштите на свети Василиј на поклонение.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и се поклони на светите мошти.
По Светата Литургија беше прочитана молитва за почеток на Нова Година.