
На 02. 03. 2025, во Неделата на Адамовото изгонување од рајот (Сиропусна или Недела на простувањето), кога Светата Црква го празнува споменот на – Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија) – Прочка, во црковната општина „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Бризбејн, старешината на храмот, протојерејот Ѓорѓи Митев служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и взаемно си побараа прошка и си простија едни со други.