ПРОСЛАВЕН ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК ВО ГОЛД КОСТ

На 20. 07. 2024 година,  кога го празнуваме споменот на светата вмч. Недела, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, игуменот на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк отецот Гаврил (Галев) во сослужение со протоерејот Ѓорѓи Митев и на старешината на храмот јереј Горан Божиновски  служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Светата Литургија беа прекршени славските лебови и беше приредена трпеза по повод чествувањето на храмовиот празник.