ПРОСЛАВЕНА МАНАСТИРСКАТА СЛАВА НА МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 09. 08. 2024, кога Светата Црква го празнува споменот на Светиот Климент Охридски, на светиот великомаченик Пантелејмон и на светите Седмочисленици, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев), во сослужение на свештениците: протоереј ставрофор митроносец Михаил Протопопов и протоереј Јован Димитров од Руската задгранична православна црква, протоереј ставрофор Петар Дамљановиќ и ереј Дејан Милошевиќ од Српската православна црква, како и на ерејот Климент Станковски отслужи Света Златоустова Литургија со што свечено беше прославена манастирската слава.

На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.

Радоста беше голема кај свештениците и кај сите верници, кои дојдоа да го прослават својот закрилник светиот Климент Охридски. Верните едносушно собрани околу своите пастири заедно ги упатија своите искрени молитви кон Бога.