ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ПО ПОВОД СМРТТА НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ

Со длабоко жалење ја примив веста за упокојувањето на почитуваниот Митрополит г. Тимотеј. Неговата смрт е голема загуба за Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, но и за сите православни верници.

Митрополитот Тимотеј беше докажан и почитуван духовен водач и учител, кој животот  им  го посвети на црквата, на верата и на спасението на своите верници.

Со посветеностa на Божјата работа, со мудроста и со неуморниот труд,  постојано ја зацврстуваше верата, го водеше народот по Божјиот пат и ја помагаше духовната и материјална изградба на црквата, како во татковината, така и во дијаспората.

Важеше за исклучителен свештеник и учител во Богословијата.

Целосно ѝ се посвети на  архипастирската служба во Австралија и Дебарско – Кичевската Епархија.

Неговата решителност во заштитата и унапредувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е непроценлив придонес кон македонското духовно наследство.

Нека Бог му дарува вечен спокој.

Вечна му слава,

Гордана Сиљановска Давкова