
На 06.01.2019 година, во предвечерието на празникот Рождество Христово, на Бадник, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Празнични Вечерни богослужби. На крајот од богослужбите, беа прекршени празничните бадникови колачи. На верниот народ му беше поделено од бадниковиот колач а на најмалите им беа поделени пригодни подароци, а потоа сите заеднички присуствуваа на бадниковата трпеза.