ПРВА СРЕДА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ

На 13. 03. 2019 година, во средата од Првата седмица на Великиот пост, кога гo прославуваме споменот на преподобниот Василиј Исповедник и светиот свештеномаченик Протериј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Литургии на претходноосветените дарови, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.