ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 08. 08. 2024, во предвечерието на празникот  посветен на Свети Климент Охридски, на Светиот великомаченик Пантелејмон и на Светите Седмочисленици; во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на ерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба, со што започна торжественото празнување на манастирската слава.

На богослуженито учество зеде мноштво народ.