ПРАЗНИКОТ ПРЕОБРАЖЕНИЕ ЛИТУРГИСКИ ПРОСЛАВЕН ВО ВОЛОНГОНГ

На 19. 08. 2024 година, кога го празнуваме празникот на Преображението на Господ Исус Христос на Тавор;, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, протојерејот Томе Младеновски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Веднаш по Литургијата беше благословен лозовиот плод.