
На 22. 05. 2024 година, кога Светата црква го празнува споменот на Светиот пророк Исаија, Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски и споменот на Светиот маченик Христифор, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.