ПОКЛОНЕНИЕ И АКАТИСТ ПРЕД ЧУДОТВОРНАТА ХАВАЈСКА (ИВЕРСКА) ИКОНА ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ

За прв пат во МПЦ-ОА, со благослов на Епископот австралиски и новозеландски на Руската задгранична православна црква, г. Георгиј и на нашиот надлежен Митрополит  Австралиско-сиднејски на МПЦ-ОА, г. Тимотеј во саботата на 18. 05. 2024 година во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј за благослов на верниот народ на нашата црква беше донесена и изложена на поклонение чудотворната мироточива икона на Мајката Божја, наречена Хавајска или Иверска икона.
Оваа чудотворна икона, која е и мироточива позната под името Хавајска од 2008 година официјално е прифатена од Руската православна црква како миротичива и чудотворна икона.
Во оваа прилика искажуваме јавна благодарност до сите оние кои допринесоа оваа икона од Русија да пристигне во нашиот храм. Благодарност до отец Нектариј и отците, кои беа со него и се погрижија иконата да биде безбедно донесена во нашата црква.
Пред мироточивата икона акатист отслужија отец Гаврил (Галев), игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн и парохискиот свештеник, отец Владо Недески.
Во храмот присуствуваше многуброен верен народ не само од МПЦ-ОА, туку и голем број на верници од останатите братски Помесни православни цркви, кои битисуваат на Австралиско тло.
Присутните верници се поклонија пред чудотворната икона.
Бог по молитвите на Пресвета Богородица да не помилува и спаси!
***
On Saturday, May 18, 2024, our church was honored to receive the miraculous icon of the Mother of God, known as the Hawaiian Icon or the Iverian Icon. This revered icon was officially recognized as such by the Russian Orthodox Church in 2008. With the blessings of our Metropolitan Timotej and Bishop George of the Russian Orthodox Church Outside of Russia, the icon was brought to our church. We are grateful to Father Nektarij, the icon’s keeper, for his assistance in ensuring the safe transportation of the icon. Father Gavril together with our parish priest Vlado and other Russian brother deacon performed Akathist in front of the icon. Numerous faithful brothers and sisters, including believers from the Macedonian Orthodox Church and other local churches, came to venerate the miraculous icon. We pray that God, through the intercessions of the Most Holy Bogorodica, will bestow His mercy upon us and grant us salvation.