НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО

Денешниов ден е полн со радост и веселба, зашто
блеска светлината на вистинските догмати, и свети
Црквата Христова, украсена сега со враќањето на
светите икони, и меѓу верниците владее богодостојно
едномислие.
(Хвалитна стихира на Утрена во Недела од прва седмица на Великиот пост)

На 17. 03. 2019 година, во Неделата од првата седмица на Великиот пост – Недела на православието, кога го прославуваме споменот на преподобниот Герасим Јордански и светиот Јаков Постник, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени (Василиеви) Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.