НЕДЕЛА НА МИРОНОСИЦИТЕ ВО КАБРАМАТА

На 19. 05. 2024 година, во Третата недела на Воскресение (на Мироносиците), кога го празнуваме споменот на светиот праведен и многустрадален Јов, на светиот маченик Варвар, на светиот Варвар разбојник и на света Тамара Грузиска, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, протојерејот Томе Младеновски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.