ИСТОЧЕН ПЕТОК (БАЛАКЛИЈА)

Едногласно да го восфалиме непресушниот и живо –
творен извор, од кого течат божествени потоци;
просејќи благодат, бидејќи тој катадневно точи исцеленија,
така што, течењето на реките, во споредба со него, се по –
кажува помало. Затоа, пристапувајќи со љубов и верно,
од Изворот налеваме неисцрпно здравје, навистина бес –
мртно, верно поросувајќи ги срцата на благочестивите. Со
усните да повикаме: Ти си утеха на верните!
(седален на Утрена во Петок од Светла седмица)

На 03. 05. 2019 година, во Петокот од Светлата седмица – Источен Петок (Балаклија), кога го празнуваме споменот со Чудотото на Животворниот извор на Мајката Божја, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени  Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургиите, беше извршен чинот на Водосвет.