ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ПО ПОВОД 40-ДНЕВНИОТ ПОМЕН НА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО КИНГ ЛЕЈК

По повод 40-дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј, денеска во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк – Австралија, игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев) во сослужение на ерејот Климент Станковски отслужи Света заупокоена литургија и Помен во спомен на упокоениот Митрополит Тимотеј.
Нека му е вечен споменот на нашиот Митрополит Тимотеј!
Ќе остане вечно во нашите спомени и во епархиската меморија!
Митрополитот Тимотеј почина на 25 ноември минатата година по кусо боледување, на 73-годишна возраст. Беше погребан во јужната апсида на храмот „Свети Климент и свети Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид.