Советот на Општина Охрид денеска со акламација ја усвои предлог-одлуката за прогласување на утрешниот ден за Ден на жалост, по повод ненадејната смрт на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.
Советниците при Советот на општина Охрид на ден 27. 11. 2024 година ја оддржаа четириесет и деветтата вонредна седница на Општина Охрид.
Единствена точка на дневниот беше одлуката за прогласување на 28 ноември за ден на жалост, по повод смртта на владиката Тимотеј.
Сите културни, забавни, спортски и други настани и манифестации за утрешниот ден, ќе бидат откажани на целата територија на Општина Охрид.
Синодот на Македонската православна црква определи дека заупокоената Света литургија и опелото по повод упокојувањето на владиката Тимотеј да бидат извршени утре, 28. 11. 2024 година во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 9 часот.