ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН И ЃУРЃОВДЕН ВО ЕПИНГ

На 06. 05. 2024 година, втор ден Велигден, кога Светата црква го празнува споменот на светиот вмч. Георгиј – Ѓурѓовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев), игумен на манастирот во Кинг Лејк и старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Засилиева Литургија со што беше прославена храмовата слава на храмот.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.