Пречистиот храм Спасителов, скопоцената свадбена
одаја и Дева, свештената ризница на славата Божја,
денес во домот Господов се воведува, со себе и благодатта
на Светиот Дух воведувајќи ја; ангелите, пак, Божји пеат:
Таа е небесната скинија.
(Кондак на Воведение, глас 4)
На 04. 12 . 2018 година, кога го чествуваме празникот Воведение на Пресветата Владичица наша Богородица – Пречиста, во црквата „Св. Петка“ – Рокдајл, од страна на парохискиот свештеник – отец Владо Недески, во сослужение со протоереј Александар Ивановски, и во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ – Епинг, од страна на парохискиот свештеник – отец Климент Станковски, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со светите Христови Тајни.
Со Свети Божествени Литургии, празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, беше прославен и во останатите храмови на Австралиско – сиднејската епархија.