ВЕЛИКИ ПЕТОК ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ ВО ВОЛОНГОНГ, СИДНЕЈ

Како да те погребам, Боже мој? Со каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до Твоето нетлено тело?

На 03. 05. 2024 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, протоерејот Томе Младеновски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаница, на која символично се соврши симнувањето од Крстот и и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.

На богослужението учество зеде мноштво верен народ.