На 02. 05. 2024 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува за Тајната Вечера на Господ Исус Христос со учениците, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески служеше вечерна Василиева литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
По отслужената Литургија се изврши Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет), а верните беа помазани со осветениот елеј.