БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ

На 26. 05. 2024 година, во 4 Недела по Воскресение (на Раслабениот), кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Гликерија; Светиот маченик Александар; Преподобните Јован, Ефтимиј, Георгиј и Гаврил Иверски;, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот ерејот Владо Недески служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.