АКАТИСТ, ПЕТОЛЕБИЕ И МОЛИТВА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

На 21. 03. 2025 година, во третиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, отец Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот протојереј-ставрофор Ефтим Бетински отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
На богослужението беа осветени лебните приноси – петолебија, а свештенството и верните се помолија за блажен покој на душите на трагично загинатите, за утеха на нивните најблиски, како и за побрзо оздавување на сите повредени.
Нека Мајката Божја ги закрепува во овие тешки денови од нивниот живот.