
Во петокот, на 28 март 2025 г. во четвртата седмица од Велигденскиот пост, во црковната општина „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Бризбејн, старешината на храмот, протојерејот Ѓорѓи Митев служеше Мало Повечерие со Акатист – стоечка молитва и химна посветена на Пресвета Богородица. Поголем број на верници присуствуваа на оваа свечена Акатистна служба, кои донесоа петтолебие за благослов.
Нека Пресвета Богородица ги благослови нивните домови со мир, здравје а нејзината милост да биде со сите нас!