Откако Тома со страв ја стави раката во Твоите живо –
носни ребра, Христе, го почувствува двојното дејство на
двете природи, во Тебе соединети неслиено, и со вера ви –
каше говорејќи: Ти си најславениот Господ, Боже на отци –
те, и наш, благословен си.
(песна од канон на Утрена на Антипасха)
На 05. 05. 2019 година, во Неделата на Антипасха – Томина недела, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.