СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И СВЕТА ТАЈНА КРШТЕНИЕ ВО MANJIMUP

Во саботата, 10 ноември 2018 година, кога гo одбележуваме споменот на Светата Великомаченичка Параскева од Иконија, во малото градче Мanjimup, кое што се наоѓа на околу 350 километри југо-западно од Перт, се отслужи Света Божествена Литургија проследена со Света Тајна Крштение. На Светата Божествена Литургија верниците се причестија со Светите Христови Дарови. Светата Тајна Крштение како и Светата Литургија ги изврши парохиски свештеник , протоереј-ставрофор отец Станко Јовановски.
Македонската Православна Црква Свети Никола им честита на семејството Yovkoff по повод Светата Тајна Крштение на нивната ќерка Athena Merle Yovkoff и им посакува секое добро од Бога.
Македонската Православна Црква Свети Никола од Перт би сакала исто така искрено да се заблагодари на Англиканската Црква Св. Мартин од Маnjimup за одстапувањето на нивните црковни простории на нашата Македонска заедница во Manjimup за да отслужиме Света Божествена Литургија и Света Тајна Крштение на овој ден.
Со љубов во Христа Богa
Црква Свети Никола

 

Holy Divine Liturgy and Christening in Manjimup

On Saturday, 10th of November 2018 we commemorated Saint Great Martyr Parasceva of Iconium. Holy Divine Liturgy followed by a Christening in the small town of Manjimup (about 350km south-west of Perth) was held and the faithful partook in the Holy Gifts of Christ. The Christening and the Holy Liturgy were conducted by our parish Arch-Priests Father Stanko Jovanovski.
Macedonian Orthodox Church of Saint Nikola would like to congratulate and give God’s blessing to the Yovkoff family for the Christening of their daughter Athena. May God grant your little one, all the blessing of His gentle love and may Athena enjoy a lifetime of health and happiness.
Macedonian Orthodox Church of St. Nikola in Perth WA would also like to sincerely thank the Anglican Church of Saint Martin in Manjimup for allowing us to use their church premises for these events.
With Love in Christ
Church of Saint Nikola