СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ

На 25. 08. 2024 година, во деветта недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите маченици Аникита и Фотиј и на Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.