ПРОЧКА ВО ХРАМОТ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО БРИЗБЕЈН

На 02. 03. 2025, во Неделата на Адамовото изгонување од рајот (Сиропусна или Недела на простувањето), кога Светата Црква го празнува споменот на – Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија) –  Прочка, во црковната општина „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Бризбејн, старешината на храмот, протојерејот Ѓорѓи Митев служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и взаемно си побараа прошка и си простија едни со други.