ПРАЗНИКОТ СОБОР НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СВЕТИТЕЛИ ПРОСЛАВЕН ВО ЕПИНГ

На 06. 10. 2024 година, во петнаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на сите македонски светии, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.