На 08. 12. 2024 година, во дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на патронот на МПЦ-ОА, Свети Климент Охридски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија во сослужение со свештенослужители од Руската задгранична црква во Австралија со што беше одбележана манастирската слава.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата имаше заедничка трпеза.