На 21. 04. 2024 година, во Петтата недела од Великиот пост – Недела на Света Марија Египјанка, кога се празнува споменот на Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј; Свети Нифонт, епископ Новгородски; Свети Келестин, папа Римски;, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света Божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.