ВОДОКРСТ

На 18.01.2019 година, денот кога ги празнуваме светите маченици Теопемт и Теона и светиот пророк Михеј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После завршувањето на Литургиите, во секој од храмовите беше извршен Голем Богојавленски Водосвет.