
На 25. 04. 2019 година, на Велики Четврток наутро, кога го празнуваме споменот на Тајната вечера, миењето на нозете, свештената молитва и предавството Јудино, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургиите беше отслужена Света Тајна Елеосвештение.