ИВАНДЕН ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 07. 07. 2024 година, во втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Раѓањето на свети Јован Предвесник и Крстител Господов – Иванден, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески во сослужение со свештеникот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.